Осуммина млади луѓе се задушија синоќа со плин во близина на градот Посушје во БиХ.

– Вистина е. Осуммина млади лица настрадаа, соопшти Министерството за внатрешни работи на Западнохерцеговскиот кантон.

Локалните медиуми објавија дека, според неофицијалните информации, во викендица биле пронајдени тела на осум тинејџери, а станува збор за средношколци и студенти. Младите луѓе најверојатно се задушиле со плин од агрегат кој ја снабдувал куќата со електрична енергија.

Весникот „Дневни Аваз“ пишува дека трагедијата се случила во викендица во Паркот на природата Блидиње.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.