Бројот на новозаразени со корона вирус во Грција во последните 24 часа е зголемен за 303 лица, со што вкупната бројка се искачи на 20.142.

Како што објави Националната организација за јавно здравје, тоа е зголемување во споредба со претходниот ден кога бројот на новозаболени достигна 229 лица.

Во истѕиот период осум пациенти починале како последица од вирусотсо што вкупниот број на смртни случаи е 417.

Во болниците има 83 лица што се на респиратори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.