Oсум загинати и најмалку 300 повредени досега има во разорзниот земјотрес кој се случи утринава во Драч, Албанија. Земјотресот беше со јачина од 6,4 степени според Рихтер, потврдија од Министерството за одбрана и Министерството за здравство за локалните медиуми.
Земјотресот се почувствува скоро во целата поранешна Југославија – Хрватска, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, но и во Италија.
Во Драч падна цела петокатница, а од урнатините е спасено едно дете, јавија локалните медиуми. Граѓаните на Тирана излегоа на улица, а некои со бебиња во рацете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.