Децата со ментални потешкотии згрижени во Заводот за згрижување на ментално инвалидни деца и тинејџери во Пазарич, близу Сараево, БиХ, кои би требало да бидат под посебна заштита, се изложени на тешки злоупотреби, предупреди Сабина Чудиќ, претставничка од Претставничкиот дом на парлемнтот на Федерацијата БиХ.
На прес-конференцијата одржана вчера во седиштето на ентитетскиот парламент во Сараево, Чудиќ објави вознемирувачки содржини, кои се направени во Заводот, а на кои децата се врзани за радијаторите и креветите, некои од нив со раце врзани позади грб, со видливи траги од физичка злоупотреба. Запуштени се и просториите во кои престојуваат.
Овие деца поминуваат и по 14 часа вака врзани, објави Чудиќ.
Вознемирувачко видео:
Неодамна сменети беа сите членови на надзорниот и управниот одбор на Заводот, а претставничката најави дека ќе побара и итно делување на Парламентот за да се спречи понатамошната злоупотреба на овие деца.
Увидот на Чупиќ следи по извештајот на новоименуваниот директор Реџеп Салиќ, кој прв предупреди на состојбата во која се наоѓа оваа институција. Според него, парите наменети за обнова и опрема, биле злоупотребени за изградба и опремување на викендицата на поранешната директорка и становите на нејзините соработници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.