Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и лидерот на опозициската СИРИЗА попладнево одржаа средба, но телеконференциска за ситуацијата со коронавирусот во земјата и двајцата ја истакнале важноста на пораката „Остануваме дома“, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер го известил Ципрас за владиниот план, одговорил на прашања и рекол дека „било кој конструктивен предлог за справување со ситуацијата е добредојден“.

Лидерот на СИРИЗА, по разговорите со Мицотакис рече дека ги преставил предлозите на неговата партија и порача дека во овие моменти треба сите да бидат обединети.

Сега, не е време за време за конфронтација, туку време за одговорност. Сакав да му пренесам дека функционерите и членовите на СИРИЗА се тука, за да ѝ помогнат на државата, а главно на надлежните органи, на Министерството за здравство, на нашите болници, на нашите лекари и медицински сестри, да се справат со овој голем предизвик, рече Ципрас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.