Судијата на претходната постапка им го продолжил притворот на Вељко Беливук – Веља Невоља, Марко Милјковиќ и на група од дваесетина лица кои се осомничени за тешки кривични дела. Притворот им е продолжен за 30 дена поради опасност од бегство, криење или уништување докази или повторување на делата.
Беливук и Милjковиќ се обвинети за три убиства, трговија со дрога и нелегално поседување оружје и други тешки дела.
На ваквата одлука, обвинетите имаат право на жалба во рок од три дена, објавија српските медиуми.
Беливук и Милјковиќ беа уапсени на 4 февруари, под сомнение дека организирале криминална група која извршила серија најтешки кривични дела, користејќи ја како параван навивачката група на Партизан „Принципи“.
Покрај нив, тогаш беа уапсени уште дваесетина припадници на групата, а обвинителството за организиран криминал покрена постапки за 22 лица.
Сите од групата на Беливук се обвинети за злосторничко здружување и трговија со наркотици, неколку од нив за трговија со оружје, а Беливук, Милјковиќ и уште седуммина и за тешки убиства.
Покрај Беливук и Милјковиќ под истрага се и Милош Будимир (36), Марко Будимир (32), Владимир Грек (36), Милован Тадиќ (33), Филип Ивановски (29), Срѓан Лалиќ (35), Борис Карапанџиќ (33), Немања Ѓуриќ (35), Владо Драганиќ (46), Александар Вучелјиќ (39), Дејан Тешиќ (38), Никола Стефановиќ (33), Немања Лакичевиќ (41), Никола Спасојевиќ (29), Жељко Коџиќ (41), Небојша Јанковиќ (50), Владо Георгијев (38), Слаѓана Секулиќ (39), Вук Вучиниќ (29) и Марко Андриќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.