Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес изјави дека дијалогот со Белград не е приоритет, бидејќи пред тоа, Приштина треба да обезбеди вакцинација против коронавирус за населението. На денешната средба со амбасадорот на Чешка во Приштина, Павел Билек, Османи изрази надеж дека државите пријателки ќе му помогнат на Косово да се снабди со вакцините.
-Претседателката Османи нагласи дека не може да се приоретизира дијалогот со Србија, сè додека не се обезбедат вакцините за граѓаните на Косово. Таа нагласи дека во ова време е потребна солидарност меѓу државите и изрази надеж дека Косово ќе биде помогнато од државите пријателки и меѓународните организации во обезбедувањето на потребните количества вакцини за неговите граѓани, се вели во соопштението по средбата на Османи со амбасадорот Билек.
Помош во снабдувањето со вакцини шефицата на косовската држава денеска побара и од вршителот на работите амбасадор на Јапонија во Косово, Огасавара Митсунори.
Како што соопшти кабинетот на Османи, таа му се заблагодарила на Митсунори за постојаната помош од Јапонија за Косово, посебно на полето на здравството и животната средина и воедно изразила задоволство поради учеството на тим од истакнати косовски спортисти на идните Олимписки игри во Токио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.