Авионот на Владата на Црна Гора беше оштетен синоќа на аеродромот во Подгорица. Во инцидентот, што се случи околу 22 часот, нема повредени, јави РТЦГ.

Непосредно пред инцидентот, државни службеници и членови на делегацијата се симнаа од авионот.

На владиниот авион, како што се наведува, најверојатно се скршила опремата за слетување.

За настанот беа известени надлежните органи, кои ќе спроведат истрага за тоа како и зошто настанал инцидентот.

Во авионот беше делегацијата предводена од претседателот на Собранието, Алекс Бечиќ, која учествуваше на Самитот на претседатели на парламентите на Западен Балкан, во Љубљана, пишува „Вијести“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.