Српскиот член на Претседателството во БиХ, Милорад Додик соопшти дека на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој заедно со министерот за надоврешни работи во неговата влада Петер Сијарто беа гости во Бања Лука му порачал дека не е точно оти Република Српска работи на уривање на територијалниот интегритет на БиХ.
Му кажав дека се работи за спинови, кои не се точни дека го уриваме територијалниот интегиртет на БиХ. Занчајно е дека имаме некој кој сака да не слушне. Не правиме ништо што е во спротивност со Дејтонскиот договор. Одлучни сме РС да си ги врати своите овластувања кои и ги одзеде Уставниот суд во БиХ – изјави Додик за РТРС.
За посетата на Орбан и Сијарто,Додик вели дека е возвратна и на истата го запознал со актуелната ситуација во земјата. Посетата не sе одржа на државничко ниво, туку како полуприватна.
Пред два дена Орбан имаше средба со претставникот на ЕУ во БиХ, Кристијан Шмит, поради што на средбатa со Додик се гледа како на обид за посредничка улога на унгарскиот премиер да се надминат недоразбирањата кои ги имаат Додик и високиот претставник во БиХ.
За оваа средба од кабинетот на Орбан беше соопштено дека дека со Шмит ја разгледале ситуацијата во регионот и на Балканот воопшто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.