Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денес дека неговата администрација е против воведување санкции на српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, кои ги предложи Германија.
„Дефинитивно треба да ги спречиме санкциите. Лоши се ставот, употребениот тон и изгледите. Западниот Балкан треба да биде интегриран во ЕУ и мора да им се помогне“, кажа Орбан.
Според него, Западниот Балкан треба да биде стабилизиран, а тоа не е можно без Србите.
Орбан, како што се наведува, оцени дека Балканот не може да биде стабилизиран без БиХ, а таа земја не може да биде стабилна без обнова на правото на кое Србите имаат полно право.
„Тоа е логиката на Унгарија“, кажа тој.
Германската влада на 13 декември ја повика ЕУ да му воведе санкции на Додик поради иницијативата за враќање на надлежностите од институциите на БиХ на Република Српска во секторите одбрана, правосудство и индиректни даноци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.