Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, смета дека странци се виновни за ширење на
коронавирусот во земјата.

На прашањето зошто Унгарија ги затвора универзитетите, но не и училиштата, Орбан
рече дека причината е присуството на „многу странци“ на универзитетите. Според него,
странците ја донеле болеста и таа се шири кај странците.

Унгарија се бори во „двострана војна“ против имиграцијата и коронавирусот, рече Орбан.
„Постои логична врска помеѓу нив, бидејќи се шират преку движење“, рече тој, пренесе
БГНЕС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.