Проширувањето на Европската унија треба да се забрза, а доколку не бидат преземени активностите што водат кон проширување, ЕУ ќе тапка во место и на крајот ќе се распадне смета премиерот на Унгарија, Виктор Орбан кој одржа заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.
За две или три години, сите ќе кажат дека ако Унијата сака да се развие, потребен е овој регион предводен од Србија, рече Орбан, одговарајќи на критиките од ЕУ за неговите ставови за проширувањето и поддршката што и ја дава на Србија за нејзините европски патека.
Како што вели тој, во Брисел, запирањето на проширувањето елегантно се нарекува заситеност од проширувањето.
Сепак, логично е дека ако не ги прифатат и преземат сите активности што одат со проширувањето, ЕУ ќе стане нестабилна, границите ќе бидат нестабилни, нема да добијат нови култури, народи, ќе тапкаат во место и ќе се распаднат. Додека Србија не се интегрира, Западен Балкан нема да биде интегриран. Србија е клучна земја и ЕУ треба да го сфати тоа, нагласи Орбан.
Клучот и стабилноста на регионот е Србија, рече премиерот на Унгарија.

Запрашан да го коментира нападот врз Унгарија и врз него поради неговите ставови по многу прашања, Орбан коментираше дека бил нападнат од Брисел кога изградил ѕидови на границата поради мигрантите.
Да можеа да ме задават во Брисел, ќе ме задавеа одамна. Дури и кога им реков во Брисел дека миграцијата мора да се запре, а сега другите почнаа да креваат огради и ѕидови заради мигрантите, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.