енешниот избор на Владата настаната врз основа на лажни избори не и дава ниту легалност ниту легитимитет, оцени Обединетата опозиција на Србија (УОПС) истакнувајќи дека барала и бара нови избори, но слободни и фер, со слободни медиуми.
Како што јави допсиникот на МИА од Белград, во изјавата, УОПС се наведува дека и после денешниот ден „узурпатор на сите државни овластувања“ останува Александар Вучиќ, кој веќе, и покрај уставните овластувања, веќе најави нови избори.
Обединетата опозиција ќе учествува на изборите, кои ги исполнуваат условите, партиите и поединците на нив да се натпреваруваат во еднакви услови и да имаат еднаков пристап до медиумите, особено до јавните медиумски сервиси, соопшти УОПС.
Како што се наведува, лажните избори не се опција ни за УОПС, ниту за граѓаните кои протестираа на улиците на српските градови.
– Потребни се слободни избори и слободни медиуми. Ние за ова ќе побараме поддршка од граѓаните, во сите форми на борба за такви избори. Подготвени сме да разговараме за барањата за слободни и фер избори со режимот, со посредство на Европската унија и нивно следење на предизборниот и изборниот процес, соопштија од УОПС.
Обединетата опозиција бара од Вучиќ да престане со нови репресивни мерки и заплашувања на граѓаните, што ги реализира преку притисок врз вработените, медиумските работници, како и врз членовите и лидерите на опозициските политички партии и организации.
Пратениците на Собранието на Србија денеска на специјална седница ќе ја изберат новата влада, а мандатарот Ана Брнабиќ најпрво ќе изнесе експозе со планот за работа на идните министри. После експозето следи парламентарна расправа и гласање за новиот состав на Владата на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.