Група демонстранти упаднаа во зградата на Радио-телевизија Србија за време на протестот „1 од 5 милиони“ во Белград.
Според неофицијалните информации, прв во зградата влегол претседателот на Двери и еден од лидерите на Сојузот за Србија, Бошко Обрадовиќ, а со него бил и Драган Џилас.
Полициска екипа специјалци брзо реагирала за да го спречи хаосот.
Во моментов се блокирани сите пристапи до РТС. Оние демонстранти кои се внатре велат дека нема да ги напуштат просториите додека не им се дозволи да се обратат на централниот дневник на јавниот сервис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.