Грција ќе воведе големи казни за работодавците и вработените кои одат на работа без тест за коронавирус.
Двапати неделно, сите работници во приватниот сектор, без оглед на нивната професија, треба да бидат тестирани. Од денес масовни инспекции се вршат и во приватни компании.
За работодавците кои ги примиле своите вработени без тест, глобата е 500 евра по лице, а во случај на позитивен резултат 1500 евра.
Оние што не сакаат да бидат тестирани, од денес не смеат да работат, според наредбата на грчкото Министерство за здравство. Тестовите се бесплатни, како и за државните службеници.
Здравствениот статус на туристичките работници е под строга контрола на властите. Последните денови масовно се вакцинираат млади луѓе, што доведе до отворање на нови центри за имунизација на островите.
Бројот на туристи кои пристигнуваат во Грција се зголемува секој ден, според Министерството за туризам. За само три дена, меѓународните летови кон Крф се зголемија тројно.
Грција исто така ги отвори своите пристаништа за крстаречки бродови.
Строгото придржување кон протоколот за антивирусни мерки го зголеми бројот на туристи кај нашиот јужен сосед.
Инциденцата на носители на коронавируси, исто така, нагло опаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.