Студениот бран со снег не го заобиколил ни познатото грчко летувалиште.

Омиленото место за одмор на голем број на Балканци, Паралија, денес е прекриено со снежна покривка.

Фотографиите од оваа необична глетка биле објавени на Фејсбук страната “Sveta Srpska Zemlja Paralija”.

На нив се гледаат плажите, улиците и зградите во Паралија целосно прекриени со снег.

Местото кое во текот на сезоната е полно со туристи, сега е сосема пусто и повеќе личи на ски-центар отколку на летувалиште.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.