Министерка за здравство на Албанија, Огерта Манастирлиу, соопшти дека постои веројатност Омикрон сојот на корона вирусот веќе да пристигнал во земјата. Таа појаснува дека Институтот за јавно здравје ќе испрати примероци за анализа во странски лаборатории, по што ќе се знае дали оваа варијанта циркулира и во Албанија.

Институтот за јавно здравје ги подготвува примероците според протоколите за да ги испрати за анализа. Потоа ќе знаеме со сигурност дали оваа варијанта циркулира и кај нас. Она што многу значајно е да го подигнеме нивото на внимателност – истакна Манастирлиу.

Таа додава дека Националниот комитет на експерти ќе направи проценка на епидемиолошката состојба за да оцени дали се потребни дополнителни ограничувачки и други мерки.

Како што информира Манастирлиу, од средината на јануари, кога почна вакцинацијата, до сега аплицирани се 2.103.351 дози, од нив 1.072.645 примиле прва доза, 961.013 две и 67.381 трета доза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.