Поранешниот Државен секретар Медлин смета дека е потребно да се воспостави поцврста соработка со Европската унија во која шест земји од Западниот Балкан сакаат членство.
Потребно е да се зголеми соработката против корупцијата која се одразува врз политичките институции и го нарушува владеењето на правото во регионот. Стратегијата треба да помага поединечни држави во реформите и да ги наградува, но и да извршува притисок врз оние кои не спроведуваат реформи, изјави поранешната државна секретарка на сослушувањето.
Според неа, САД презедоа вистинска акција да го спречат крвопролевањето во Косово и во Босна и Херцеговина во 90-тите.
–Денес, Балканот е постабилен и има потраен мир отколку пред 25 години. Регионот ги продлабочи односите со САД и се ориентира кон ЕУ. Корупцијата е сериозен проблем, а националистичките лидери и натаму играат на картата на национализмот и ги потпалуваат страстите, наведе таа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.