Црногорските медиуми јавуваат дека голем број возила од повеќе црногорски градови се упатиле кон Цетиње. Забележани се и големи полициски сили, а пристигнуваат и оклопни возила.

Според порталот „Вијести“, сите угостителски објекти треба да бидат затворени во 15 часот.

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, денеска ги повика сите општествено-политички актери да го зачуваат мирот за време на претстојното устоличување на митрополитот Јоаники.

Уште еднаш ги повикувам сите општествено-политички актери да го зачуваат мирот, бидејќи ништо не е повредно за нас. Ги повикувам сите граѓани да го почитуваат Уставот, законот, јавниот ред и мир, државата Црна Гора, напиша Кривокапиќ на својот Твитер профил.

Претходно, дојде до инцидент кога толпата насилно ја отстрани заштитната ограда околу манастирот, по што мораше да интервенира полицијата.

Исто така, доцна синоќа, беа упасени четири лица кои со автомобил полн оружје биле упатени кон Цетиње.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.