Бројот на новозаразени во Република Хрватска во последните 24 часа е 95 лица, со што вкупниот број на заболени од новиот корона вирус изнесува 2.483 лица.

Најголем број од нив, дури 40, се од Осјечко-Барањската жупанија, а 25 заразени се пријавени од градот Загреб.

Вчера во земјата беа регистрирани само 30 случаи на инфекции.

Досега тестирани се 74.657 лица, од кои 919 во последните 24 часа.

На болничко лекување се 42 лица. Нема пациенти на респиратор, а вкупниот број на оздравени е 2149, што е 4 новооздравени во последните 24 часа.

Вкупниот број на починати изнесува 107.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.