Во Хрватска во изминатото деноноќие се забележани 3.308 нови случаи на позитивни на Ковид-19, а бројот на активни случаи изнесува 19.985.
Од денеска воведени се нови мерки против ширењето на Ковид-19, кои предвидуваат затворање на ноќните клубови, казината, како и ограничување на погребите и церемониите. Новите мерки ќе траат до 15. декември со можност да бидат продолжени.
Јавните собири и настани се ограничени на 25 лица, а дозволено е да се прават свадби мво присуство на 15 лица, додека на погреб можат да присуствуваат најмногу 25 лица.
Угостителските објекти можат да работат до 22 часот, со строго утврдени протоколи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.