Голем пожар избувнал вчера вечерта во пристаниште во марината Каштела, во Каштел Гомилица на хрватското приморје, каде што изгореа пет јахти и помали бродови.

Според првичните информации, пожарот избувнал околу 20.30 часот, а причина е човечки фактор. Во пожарот изгореле пет јахти, нема повредени туристи ниту сопственици на пловилата. Пожарникарите го локализирале пожарот околу 21.40 часот.

Не станува збор за инсталација, туку човечки фактор е причина за огнот на еден од бродовите. Екипажот се обидел да го изгасне огнот, но пламенот ги зафатил јажињата кои изгореле па бродот почнал да плута кон другите јахти. Огнот веднаш зафатил друга јахта, а потоа и останатите три. Среќа што немаше ветер и огнот не зафати уште бродови, но и вака штетата е огромна. Најважно е што нема повредени, рекол сопственикот на марината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.