Портпаролот на грчкото МНР, Александрос Папајоану, и алтернативната владина портпаролка, Аристотелиа Пелони, демантираат дека официјална Атина добила понуда од Русија за заедничко производство на руската вакцина во Грција.
Реакцијата доаѓа откако весникот „Естиа“ на насловната страница објави дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, ја дал таквата понуда до грчкиот шеф на дипломатијата Никос Дендиас, за време на средбата во Атина на крајот од октомври.

Во интервју за радиото „Тема“, Пелони изјави дека првпат слуша за такво нешто и дека на средбата Дендиас-Лавров никогаш не било разговарано околу прашањето за копроизводство со Грција на руската вакцина.
Портпаролот на грчкото МНР, пак, одговарајќи на новинарско прашање за конкретната тема, излезе со писмена изјава.
За време на средбата на министерот за надворешни работи г-дин Дендиас со рускиот колега г-дин Лавров во Атина на 26 октомври 2020 година, меѓу другото, беше разговарано и за текот на пандемијата. Во овој контекст, рускиот министер се осврна на разврските во однос со создавањето и производството на руска вакцина за справување со Ковид-19. Но, никогаш не беше споменато копроизводство на вакцината од нашата земја – изјави Папајоану.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.