Поради долгата листа на пријавени пратеници за збор, гласањето за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент ќе се одржи утре во 14.30 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.
На состанокот на претседателите, едногласно беше одреден следниот временски рок. Денеска расправата ќе трае до 1:30, ќе продолжи утре сабајле, а гласањето ќе биде попладнето во 14:30. Тоа е едногласна одлука за да можат да се обратат сите колеги, соопшти еден од потпретседателите на Парламентот, Спирос Ликудис, за време на расправата.
На расправата за ратификација на Договорот од Преспа, пријавени за збор се 205 од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, како и координаторите на партиите, министрите во владата и лидерите на политичките партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.