Четиринаесетгодишна ученичка од Основното училиште „Ѓорѓе Јовановиќ“ во срспкото село Селевац, кај Смедеревска Паланка, денеска со нож ја нападнала наставничката по математика и ѝ нанела исекотини во пределот на главата. Според информациите на срспки „Новости“, девојчето, инаку одлична ученичка, се налутила поради задача зададена на контролниот тест.
Инцидентот се случил во утринската смена, кога осмоодделенката ја нападнала наставничката во ходникот на училиштето. Наставничката е пренесена во болница, а потоа пуштена на домашно лекување. Добила исекотина на главата.
Девојката побегнала дома, каде полицијата ја пронашла заедно со оружјето.
Таа е одличен ученик, кандидат за првенец на генерацијата, примерно дете од добра фамилија. Татко ѝ е наставник по ликовно во истото училиште, а мајка ѝ дефектолог во друго. Никој не може да поверува што се случи, вели сосед за српските медиуми.
Против девојчето ќе биде поднесена соодветна пријава, а таа ќе биде пратена и на испитување на Клиниката за невропсихијатрија за деца и младинци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.