Tриесетичетиригодишниот Марјан Вујачиќ од Подгорица, кој неодамна беше уапсен во Нови Сад поради сомнение дека убил четири лица во три различни држави, станал платен убиец за да ги отплати коцкарските долгови, пренесуваат црногорските медиуми.

Според извор на весникот „Победа“, Вујачиќ, кој претходно бил само ситен криминалец, станал ликвидатор поради долгови.

Утврдено е дека бил близок со припадници на Шкаљарската банда, за кои станал главен егзекутор. Тие наводно му понудиле работа за која добивал доста големи пари. Првото од четирите познати убиства го направил пред две години во Врање, за што добил 50 илјади евра, вели изворот.

Убиствата ги извршувал речиси идентично. Сите жртви имале многубројни прострелни рани во грбот, по што биле запалени заедно со автомобилот во кој дошле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.