Босанскиот политичар Иван Бегиќ, пратеник на ПДП во градското собрание на Бања Лука, ја напушти оваа партија и го врати пратеничкиот мандат, откако неговото порно-видео беше пуштено во јавност. Тоа од вчера кружи на социјалните мрежи, а иако беше испратено и до сите медиуми, сите одбија да го објават. 

Тој на социјалните мрежи напиша дека по повеќемесечни уцени, психичко малтретирање и закани, неговото приватно видео е објавено преку странски бази од страна на неговите политички опоненти, кои го шират и на социјалните мрежи. Објасни дека за да не го објават му барале и половина милион марки, а поради притисоците и заканите неговата здравствена состојба е влошена и во моментот е кај психијатар, зошто не се чувствува добро, 

Тој изјавил и дека видеото им било испратено на неговите пријатели, но и на неговите родители чие здравје е сериозно нарушено.

Бегиќ негираше дека видеото има некаква врска со неговите соработници или некој од јавниот живот.

Свесен за своите обврски, Бегиќ напиша дека се повлекува од политиката, го предава советничкиот мандат и ја напушта ПДП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.