Од понеделник повторно во Србија ќе може да се оди во ресторани и кафулиња. Угостителите имаат упатства за понатамошна работа што ќе важат и за вработените и за гостите.
Геогри Генов, директор на Бизнис асоцијација на хотели и ресторани во Србија е загрижен како распоредот на масите ќе влијае на работата.
На крајот на март, Светската здравствена организација даде упатства на 10 квадрати да седат по четворица гости, плус од една маса до друга да има простор од еден метар, што доаѓа околу 14 квадрати простор за четири лица, што не е спорно само доколку гостите не се познаваат“.
Генов додаде дека треба да се земат предвид мерките за лицата кои заедно би дошле во кафуле или ресторан и дека здружението доставило барање тоа да се разгледа во Кризниот штаб.
Генов изјави дека е одговорност на вработените да се заштитат себе си притоа да ги почитуваат процедурите за заштита на своите гости.
„Од самото влегување и пристигнување на работниците на работа потребно е мерење на температурата, како и сите други активности, што не е ниту тешко“, рече Генов.
Генов додаде дека ќе се препорачува да се плаќа со кредитни картички, но и дека до сега скоро 80, 90 проценти од услугите биле исплатени на тој начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.