Државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија, Бранислав Блажиќ денеска почина од коронавирус, јавуваат српските медиуми.

Блажиќ кој е од Кикинда, едно од жариштето во Србија на коронавирусот, пред пет дена бил приклучен на респиратор и тогаш неговата состојба била стабилна. Но, денеска му се влошила, што резултирало со смрт.

Инаку Бранислав Блажиќ е роден на денешен ден во 1957 година, тој е специјалист по општа хирургија, и зад себе остави три деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.