Во Загреб почина Мирослав Туѓман (75), доктор по информациски науки, пратеник во Хрватскиот Сабор и најстар син на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман. Мирослав Туѓман починал од ковид-19, пишуваат хрватските медиуми.
Туѓман во почетокот на годината бил хоспитализиран поради компликации со вирусот. Хрватските медиумии пишуваа дека прво дишел со помош на кислород, а потоа, бидејќи состојбата не се подобрувала, бил ставен на респиратор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.