Во 75-та година од животот почина еден од најпознатите албански актери и режисери, Кочо Деволе откако му се влошила состојбата по заразата со Ковид-19.
Деволе беше хоспитализиран во Инфективната клиника, состојбата му се подобрила па заминал на домашно лекување, но поради влошена здравствена состојба, повторно бил хоспитализиран и последните осум дена бил интубиран.
Претходно тој боледувал и од леукемија. Покрај тоа што беше одличен комичар, Деволе беше карикатурист, сценарист, режисер и водител на спектакли.
Тој беше режисер и сценарист на емисијата „Фикс фаре“ и хумористичниот спектакл „Портокали“, кои се најпопуларни во земјата и пошироко, режирал новогодишни концерти на државната телевизија како и многу телевизиски комедии.
Неговите улоги на сцената и на телевизиските екрани се едни од најпознатите за албанската јавност.
Кочо Деволе е 558 жртва на новиот коронавирус во Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.