Во соопштението од министерството се вели дека за време на редовните контроли извршени вчера било утврдено дека е оштетен печатот на вратата на еден од магацините во областа на касарната во Пазариќ кај Сараево.
Веднаш била повикана воена полиција, а после тоа се приклучила и Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), чии членови се обидуваат да утврдат кој и како упаднал во магацинот.
Во соопштението не се наведува што точно е украдено, но локалните медиуми наведуваат дека во него биле заклучени најмалку 25 пиштоли спакувани во кутии.
СИПА потврдиле дека биле вклучени во истрагата, но не сакале да откријат никакви детали.
Медиумите потсетуваат дека ова не е прв случај на кражба на оружје од објект на вооружените сили на БиХ.
Слична кражба се случила во Билеќа во источна Херцеговина во 2017 година, кога од касарната биле украдени 14 пиштоли со рамки за муниција. Овој случај до денес не е расчистен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.