Добри вести доаѓаат од Грција. Имено локдаунот кај нашиот јужен сосед веќе од крајот на месецов полека ќе почне да се укинува по фази, а туристи за летување ќе може да се примаат веќе во мај.
Како што јавува грчката телевизија Стар, Грците почнуваат да планираат попуштање на антиепидемиолошките мерки, и покрај наглиот раст на бројот на заразени. Сепак грчките експерти најавија дека очекуваат дека бројот на заразени ќе падне за време на следната недела и дека веќе не очекуваат толку тешки случаи во болниците.
Првата релаксација на мерки почнува на 22 март, а потоа се планира постепено отварање. Се до мај, кога е најавено дека Грција ќе почне да прима странски туристи.
За почеток се планира пуштање на туристи кои се вакцинирани против Ковид 19 или пак ќе приложат негативен ПЦР тест, но за почетокот на летото можно е да бидат примани и останатите туристи на кои ќе им бидат правени брзи тестови.
План по кој Грција ќе се отвара:
22 март: Отварање на малопродажните објекти, трговски центри и фризерници. Купувањето ќе може да се изврши еднаш дневно, со ограничување од 3 часа. Истиот ден се отвараат и гиманазиите и факултетите
29 Март: Се отвараат и основните училишта
20 Април: Се отвараат рестораните, кои ќе може да примаат гости само на отворено
Мај: Отварање на туризмот
Јуни:Отварање на баровите и фитнес салите, како и дозволи за крштевки и свадби, ама само на
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.