Србија од денеска ќе почне да ја применува и трета доза на вакцината против Ковид-19, соопшти денеска српската влада. Трета доза на вакцина ќе може да примат граѓаните кои се вакцинирале со втора доза пред најмалку 180 дена.

Т.н. засилувачка доза може да му се даде на секој што сака, без разлика дали припаѓа на групите граѓани на кои тоа им е препорачано. Условот е само да поминале шест месеци од втората доза. Она што е новина е дека граѓаните може да ја изберат вакцината, односно, третата доза може да биде различна од првичната.

Во моментот во Србија има четири видови на вакцини- кинески Синофарм, руски Спутник, како и Фајзер и АстраЗенека.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.