Министерството за здравство на Црна Гора одлучи да дозволи влез во Црна Гора од денес без задолжително тестирање на коронавирус, изјави министерката Јелена Боровиниќ-Бојовиќ.
Боровиниќ-Бојовиќ на прес-конференцијата рече дека епидемиолошката состојба во Црна Гора е подобра денес и дека во овој момент 57,3 отсто од болничкиот капацитет е исполнет со ковид-пациенти, а дека тој процент порано бил 67 отсто.
Не можам да го објавам точниот датум на пристигнување на вакцините затоа што секој ден водиме преговори. Очекуваме подетални информации од 10 до 15 дена. На крајот на јануари мислам дека вакцините треба да пристигнат во Црна Гора, рече таа.
Боровиниќ-Бојовиќ истакна дека сакаат прво вакцини со европски сертификат и дека преговараат со „Фајзер“ и со „Астра зенека“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.