Во Црна Гора од денес почнува примената на одлуката на Владата за економско државјанство, која овозможува странските инвеститори да добијат црногорски пасош.

Инвеститорот може да стекне црногорско државјанство на неколку начини, ако на сметка се уплатат 100.000 евра за развој на помалку развиените единици на локалната самоуправа.

Државјанство може да се стекне и доколку на сметка уплати најмалку 450.000 евра за потребите за вложување на еден од развојните проекти во Подгорица или износ од 250.000 евра за вложување во еден од развојните проекти на сверниот или централниот дел на Црна Гора.

Парите ќе бидат уплатени во посебен Фонд од кој ќе се финансира изградбата на инфраструктурата во помалку развиените општини, а пред се во северните делови на земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.