Скендер Братај, шефот на националниот штаб за кризна состојба во Албанија, вчера во емисијата „Отворено“ на албанскиот Топ Чанел рече дека за Албанија и Македонија нема одредено датум кога ќе ги добијат вакцините против Ковид-19 од COVAX-програмата.

– Да, во првите три месеци (од 2021) ќе има вакцина во Албанија, не знам кога. Сакам да кажам дека и Македонија нема датум, бидејќи уште се прави распределбата, рече Братај.

Докторот додаде дека во министерството за здравство стигнало писмо со уверување од COVAX дека првата пратка со вакцини ќе пристигне во првите три месеци од следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.