Од 1 мај, влез во Бугарија ќе биде дозволен на три начини – со потврда за вакцинација против Ковид-19; со негативен PCR или антиген тест; со документ за прележана инфекција со коронавирус не постар од шест месеци од датумот на влез во земјата. Тоа го изјави денеска бугарскиот министер за здравство во оставка Костадин Ангелов.

Се обидуваме да ги направиме мерките слични на нашите соседни земји и скоро истите што ЕК најверојатно ќе ги воведе за целата ЕУ на крајот на мај со задолжителна регулатива, рече главниот државен инспектор за здравство Ангел Кунчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.