Од 1 јануари 2020 година трошоците за престој на деца во градинките во Нови Сад целосно ќе ги покрива градската управа.
Родителите веќе нема ништо да плаќаат. Престојот на околу 16.500 деца во градинките во Нови Сад целосно ќе биде финансиран од градот. Сакаме на таков начин да помогнеме за пронаталната политика, изјави градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ за српски медиуми.
Тој потсети дека државата издвојува пари за вонтелесно оплодување, најавува изградба на станови за млади брачни парови по повластени цени, но дека тие како локална самоуправа сакаат да се вклучат и да дадат придонес така што родителите ќе ги ослободат од плаќање надомест за чување во градинка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.