Вишото јавно оввинителство во Неготин, Србија, подигна обвинение за тешко убиство против Зоран Албиќ (24), кој до смрт ја претепа двеиполгодишната Луна. Против мајката Весна Фируловиќ (24) е подигнато обвининение за недавање на помош.
Убиството на малата Луна го потресе регионот пред неколку месеци. Таа беше убиена ноќта помеѓу 26 и 27 март, од страна на невенчаниот сопруг на мајка ѝ, а подоцна и двајцата тврдеа дека паднала од тераса.
Во обвинението стојат мачни детали за ноќта на убиството. Албиќ се вратил дома по излегување, почнал да крши чинии и да расфрла работи по куќата, што ја вознемирило Луна и таа почнала да плаче. Тој почнал да ѝ вика да престане, но уплашеното дете продолжило да вришти. Тогаш, како што пишува во обвинението, тој ѝ удрил два шамари.
Истрагата утврдила дека после тоа, Албиќ ја исфрлил надвор Весна и ја заклучил влезната врата, по што останал сам со детето. Почнал брутално да ја тепа по целотот тело и главата. Обдукцијата покажа дека Луна се здобила со 39 сериозни и тешки повреди, секоја од нив сама по себе опасна по живот.
Истрагата, исто така утврдила, дека мајката на Луна во ниеден момент не се обидела да побара помош, ниту да го запри тепањето. Тој ја пуштил во куќата откако девојчето починало, но таа и тогаш не побарала помош, туку правеле муабет повеќе од еден час.
Како што признале во полиција, после тој разговор, Албиќ ја однел малата Луна во дворот и ја ставил под чешма . Потоа ја преслекле, се преслекле и тие, викнале такси и ја однеле до Брза помош. Пред докторите и полицијата тврделе дека детето само, додека тие спиеле, во четири часот наутро излегло од тераса и паднало од неа.
Но, уште при првиот преглед на телото нивната приказна била сомнителна, а обдукцијата потврдила дека Луна била тепана.
Очувот тогаш ја признал вината, но тврдел и дека Весна заедно со него ја тепала ќерка си, но Обвинителството не собра докази за ова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.