Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека на официјална Софија однадвор и е наметнато да води кампања за борба со наводните руски шпиони во Бугарија.
Не можам да не се согласам со фактот дека најверојатно зад кампањата стои стимулирање однадвор од сили кои притискаат за ваквите потези и активности. Такво нешто не им одговара на интересите на бугарскиот народ и тоа не може да се објасни со основните, национални и природни интереси на Бугарија – изјави Захарова.
Таа особено го потенцира фактот дека неодамнешното објавување на двајца руски дипломати во Бугарија за персона нон грата е петти таков случај.
Бугарското Јавно обвинителство на 19 март објави дека шестмина сегашни и поранешни вработени во Министерството за одбрана и военото разузнавање, со помош од ЕУ и САД биле приведени под сомнение дека шпионирале во корист на Руската Федерација. Окружниот воен суд на петмина од нив им одреди притвор. Еден од осомничените беше ослободен со кауција затоа што обвинителите не побараа негово апсење.
Руската Амбасада во Софија истакна дека „смета оти одлуката на бугарската страна е неразумна“, а Министерството за надворешни работи на Руската Федерација објави дека го задржува правото да одговори на реципрочен начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.