Три лица на возраст од 18 до 25 години се уапсени за поседување и ширење на детска порнографија, а еден од нив се терети и за обљуба врз дете. Во акцијата „Армагедон“ на повеќе полициски единици од Србија, во три одвоени случаи ги уапсија осомничените кои се задржани 48 часа, по што ќе им биде одреден притвор.
Осумнаесетгодишниот Н.Б. од околината на Велико Градиште во западна Србија, се сомничи дека со мобилен телефон го снимал сексуалниот однос со седумгодишно девојче, а снимката подоцна ја препратил на неколку други лица.
Во втората акција е уапсен И.Б. (22) од Ниш, кој преку „Инстаграм“ од 11-годишно девојче побарал и добил фотографии на кои е гола, а потоа и ја терал да се слушнат преку видеоповик.
Дваесетипетгодишниот Д.Б. од Белград, пак, се сомничи дека подолг временски период преку лажни профили на „Инстаграм“ од поголем број на малолетни лица на возраст од 12 до 14 години, барал и добивал фотографии на кои тие се голи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.