Материјали за бомби, книга за исламската држава, симболи и знамиња се наоѓаат меѓу предметите на 16-годишното момче терорист, кое било спречено во подготвување на терористички напад во Пловдив. Момчето успеало да направи бомба со 14 килограми експлозив, со која имало намера да разнесе училиште.
Како што појаснија од бугарското Министерство за внатрешни работи, момчето било мета на обработка од страна на радикалисти од Исламската држава. Со нив комуницирало преку интернет. Супстанциите кои ги употребувал биле јавно достапни, а се претпоставува дека исти такви биле користени во бомбашки напади низ светот.
Бугарското обвинителство соопшти дека во средата добиле дојава, од блиски на 16-годишното момче. Бугарската агенција за безбедност и контраразузнавање ДАНС информира дека станува збор за ученик, кој се радикализирал.
Потоа е извршен претрес на две простории кои ги користело детето, кое инаку е ученик во елитна гимназија во Пловдив и е од добро ситуирано семејство. Обвинителот Иван Гешев го оквалификува момчето како „супер интелигентно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.