Лицето коe на Нови Београд се обиде да го убие Ненад Алајбеговиќ со прекар Алибег( 39), поранешен водач на навивачите на Партизан, на лицето имал силиконска маска. Со таа камуфлажа егзекуторот која испукал неколку куршуми во Алајбеговиќ и го погоди во градите и нозете, воведе во Србија нов начин на маскирање, кој со години наназад им е својствен на платеници кои работат за раскараните которски кланови. До сега вака маскиран атентатор се споменуваше само во истрагата за убиството на адвокатот Мишо Огњановиќ, кон крајот на 2018 година.
Во Алајбеговиќ било пукано на паркингот на Нови Београд, во улицата „Народни херои“, во моментот кога бил со пријател кој подоцна го однел во ургентниот центар. Егзекуторот е висок околу 190 сантиметри, слаб, а според наводите на сведоците бил маскиран со силикоснска маска со голем нос. Црна капа и црн качкет и тоа во најголемата темница, дополнително придонело до непрепознатливост на напаѓачот, објавија српските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.