Oсумнаесетгодишна девојка случајно падна од вториот кат на зградата на тротоар во Приедор, Република Српска.

Според неофицијални информации, таа не е животно загрозена. Била транспортирана во болницата „Доктор Младен Стојановиќ”, а потоа и на Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука.

Оваа несреќа се случила во центарот на Приедор. Околностите на овој настан ги утврдуваат службениците на Полициската управа во Приедор.

Девојката Т. М. (18) од Приедор паднала од вториот кат од една зграда во центарот на градот, додека се обидувала да премине на соседниот балкон. Несреќата се случила во станот на нејзината сестра, каде што девојката била со момчето чија врска нејзината мајка не ја одобрувала.

Во еден момент, според „Аваз“, на вратата на станот некој тропнал, а девојката, претпоставувајќи дека тоа е нејзината мајка, се обидела да избега на соседниот балкон, што за малку ќе завршело трагично.

Полицијата го испрашувала нејзиното момче С. В. од Приедор и тој сè уште е во полиција. Повеќе детали за овој несреќен случај ќе бидат познати по изјавата на девојката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.