За жал уште еднаш тонот на протестот го дадоа екстремни елементи и членови на Златна зора кои во нивниот обид да влезат во Парламентот, маскирани и со дрва, камења и палки ги нападнаа полицајците и десетици повредени завршија во болница, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, за инцидентите на денешниот протест пред грчкиот парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

(фото: Ројтерс)

Оттаму велат дека во демократијата слободното изразување на граѓаните е право за кое не се преговара, „па дури и за оние кои што сакаат да ја уништат, бидејќи како што велат, веруваат дека демократијата ја продаде Македонија”.

(фото: Катимерини)

Од кабинетот на Ципрас потенцираат дека во исто време должност на сите оние кои веруваат и и служат на демократијата е да не дозволат такво нешто и да ги изолираат и осудат ваквите феномени.

(фото: АП)


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.