Обвинителот Арјан Ндоја од Драч е повреден во обидот за атентат во крајбрежниот град. Инцидентот се случил вечерва на автопатот Драч – Тирана.
Ндоја во возилото бил заедно со Александар Лахо и Енди Малоку кои исто така се повредени и со возило на Итна медицинска помош префрлени во болница.
Малоку поминал со лесни телесни повреди и трауми. Целата болница во Драч е под силно полициско обезбедување.
Според извори на информацијата, атентатот бил добро организиран , бидејќи се реализиран далеку од деловни субјекти и на место каде немало безбедносни камери.
Полицијата работи на случајот и фаќање на атентаторот односно атентаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.