На Меѓународниот аеродром во Сараево е избегнат инцидент помеѓу припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина и обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, поради одбивање да помине низ редовна процедура за аеродромска контрола.

Како што пренесуваат локалните медиуми, инцидентот го потврди директорот на Граничната полиција на БиХ, Зоран Галиќ, кој го пофали професионализмот и реакцијата на припадниците на Единицата на граничната полиција на БиХ, истакнувајќи дека, сепак, се поминало без проблеми.

Тие кои доаѓаат во БиХ мора да ги почитуваат законите на БиХ, а не да покажуваат дека се над нив, рече Галиќ, додавајќи дека членовите на Претседателството на БиХ кога патуваат во странство секогаш ги почитуваат законите на другите држави.

До инцидентот дошло на пистата, кога членовите на обезбедувањето на Ердоган одбиле да поминат низ редовната контролна процедура.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.