Драган пред десетина дена во полиција пријавил дека покрај тракторот во неговиот дом во селото Клење, кај Шабац во Србија, пронашол штотуку родено бебе. Но, само по два дена, полицијата открила дека всушност станува збор за негово новороденче, кое го добил со сопругата Драгана.
Детето после сите прегледи е сместено во хранителско семејство, а на Драган и Драгана, пак, им е одреден 30-дневен притвор. Брачната двојка и претходно била во затвор, а овојпат на ѝ се заканува три, додека на таткото шест години во затвор.
Соседите велат дека и покрај тоа што веќе биле во затвор, Драган и Драгана многу убаво се грижеле и ги воспитале нивните први три деца, од кои две се веќе полнолетни.
Зошто се одлучиле на ваков чекор, засега молчат, а наскоро ќе им се суди во Основниот суд во Шабац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.