Вистинска среќа било пронаоѓањето на новороденче старо еден ден пред поројните дождови да го зафатат селото Живинице, кај Тузла во Босна и Херцеговина.

Двајца инженери, кои утрото се упатиле на работа во фирма сместена кај селото, го пронашле бебето во кеса од маркет, оставено покрај пат. Како што раскажува Сенад за „Јутарњи лист“, додека со колегата оделе на работа, чуле тивки звуци кои им наликувале на мали мачиња или кученца, па тргнале да помогнат.

Ни се отсекоа нозете кога го видовме, раскажува тој.

Бебето било завиткано во ќебе, но било премрзнато и гладно.

Полицијата подоцна ја пронашла и мајката, 33-годишна жена од истото село, против која ќе биде поднесена соодветна пријава.

Бебето е пренесено во хранителско семејство и е во добра здравствена состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.